Сениште
Ако си сениште
а песот твоје е сенка
сал што во заветрината на телото ти лебди.
Само плаштот твој е до бледило износен
а болката твоја излижан камен.
Ако се е сенишно
Нека биде океан ловиште на дождовните капки
од која пустина што цвета ќе изникне.
Нека биде блескот на пченичниот хоризонт
И гоа стаклена во галеријата на светот.
Ако и гласот е привид
Нека песните твои ме допрат
и низ небото да ги раздиплам.
И на подиумот на ноќта нека играчите ѕвездени
гласно одѕвонуваат во камбанаријата на мислите
Снежи во водената топка...
Читаш тивко, грижливо и нежно.
Сликите растат и местото свое
го бараат На ѕидовите празни.
Сениште си, лепет на крилјата на привидот.
Кој си, привиду?
Ако те отфрлам, ќе се распрснеш ли?
Ако те прегрнам, ќе се измолкнеш ли?
Засрци ме во себе,
да станам вир на страста твоја.
Ако сал привид сум?
